Младите волонтери од Клубот на млади од Црвен крст Охрид во текот на вчерашниот ден, но и денес ги информираа граѓаните како да се заштитат од топлотниот бран во овој летен период со високи температури.

Волонтерите од Клубот на млади на Црвен крст Охрид и денес беа на фреквентните јавни места во Охрид, каде на нашите сограѓани и туристи, им делеа вода и даваа корисни совети за заштита од топлотниот бран. Продолжуваме со активностите за грижа за здравјето на нашите сограѓани и во наредните денови, за времетраење на топлотниот бран, велат од Црвен крст Охрид.

Вниманието го насочија кон повозрасните лица и хронично болните кои се во поголем ризик во ова топло време, но не изостанаа и другите категории на граѓани.

Воедно упатуваат благодарност до маркетите Тамаро кои ја помогнаа акцијата уште еднаш истакнувајќи ја својата висока општествена одговорност.

Во најтоплиот период од денот (од 10ч до 17ч) да се избегнуваат напорни физички активности на сонце, постојано да се внесуваат течности, да се избегнува мрсна калорична храна и да се носи светла лесна облека и заштитни очила и капа, потсетуваат на препораките за заштита во топлите денови од Црвен крст Охрид.

OhridNews