Дванаесет младинци од Охрид превентивно ќе делуваат на пофрекфентните крстосници во градот. Синоќа тие беа претставени пред охридската јавност во новите униформи.


Во текот на учебната година, униформираните младинци ќе бидат поприсутни пред училиштата со цел да превенираат кај учениците како најмлади учесници во сообраќајот, а за време на летниот период, ќе ги придружуваат странските делегации кои ќе ги разгледуваат културно-историските знаменитости во Охрид.

Сообраќајната единица е проект на Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот што се реализира со поддршка од Републикиот совет за безбедност.

Ohridnews