Со изработка на 10-метарско платно со порака против врсничкото насилство, членовите на клуб за Младински активизам, в петок ќе реализираат акција за подигање на свеста против врсничкото насилство во Струга.

Акцијата е иницирана од членовите на Клубот за младински активизам на Здружението за развој и активизам „Аква“ од Струга и Младинскиот образовен форум (МОФ) во рамки на Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности.

Темата, како што информира Лука Плушкоски, предавач во клубот, била мапирана како најголем проблем и предизвик меѓу младите во Струга, по спроведената онлајн кампања.

Младите ќе работат на уметничка инсталација, која ќе има за цел да ја шири пораката против врсничкото насилство и да промовира мир и толеранција помеѓу младите. Инсталацијата ќе биде поставена на Дрвениот мост во Струга, изјави Плушкоски.

Клубот на активизам, според Тамара Трајческа, предавач, е место, каде младите на креативен начин покренуваат иницијатива, започнуваат со работење на промена за подобро утре, за себе и за својата средина

Нашиот клуб е место каде што се создаваат нови пријателства. Заедно можеме да создадеме околина каде секој човек се почитува и цени. Нека нашата акција биде прв чекор кон култура на почит и разбирање, каде што секој може да се чувствува безбедно и прифатено, порача Трајческа.

OhridNews