Во рамките на програмата за развој на рекреативниот спорт, Младински Совет Охрид го реализираше првиот турнир во друштвени игри. 48 учесници, ученици во 7 основни училишта ( ОУ Христо Узунов, ОУ Григор Прличев, ОУ Братство Единство Лескајца, ОУ Братство Еинство Крст Џамија, Кочо Рацин од Охрид и ОУ Ванчо Николески од с. Лескоец и ОУ Живко Чинго од с. Велгошти) се натпреваруваа во три друштвени ,,игри: не лути се човече,, шах и твистер.
учесниците на првиот турнир во друштвени игри
Натпреварувачите во ,,нелути се човече,, играа поделени во 4 групи, а победникот од секоја група учествуваше во финалната игра. Победник во ,, не лути се човече,, е Бари Тоска од ОУ Братство Единство – Лескајца.
Шахистите преку квалификациски натпревари дојдоа до финалето, а во финалниот натпревар најдобра беше Ивана Пашоска од ОУ Живко Чинго од с. Велгошти.
Играта твистер привлече најмногу внимание. 16 учесници се забавуваа и се натпреваруваа во оваа друштвена игра, а најдобра во 16те учесници беше Климентина Дукоска, исто така од ОУ Живко Чинго од с. Велгошти.
Иако турнирот имаше рекративен карактер на најдобрите им беа доделени симболични награди, а на претставниците од училиштата им деа доделени дипломи за учество на турнирот.
признанија за најдобрите
Турнирот се оддржа во ОУ Христо Узунов во Охрид.
Се оджа првиот турнир во друштвени игри во Охрид
ohridnews