Идејата за меѓународниот ден на младите беше иницирано во 1991 година од страна на млади луѓе кои се собраа во Виена ,Австрија,на првата сесија на Светскиот младински ОН форум .На форумот се препорача да се да се прогласи Меѓународен ден на младите,особено за прибирање на средства и промотивни цели,за подршка на Младинскиот фонд при Обединетите Нации во соработка со други младински организации.

Во 1998 година е донесена резолуција прогласувајќи го 12 Август за Меѓународен ден на младите за време на Светската конференција на министрите одговорни за млади,подоцна таа препорака беше одобрена од страна на Генералното собрание на ОН во 1999 година.Меѓународиот ден на младите за прв пат е забележан во 2000 година ,а во Македонија овај ден започнува да се прославува од 2007 година.

На сите нивоа меѓународни,национални,локални ,луѓето ширум светот ги прославуваат младите и значењето на нивната улога во друштвото.

Обединетите нации го промовираат значењето на овај ден ширум светот за да укажат на промените кои младите ги прават во животот на нивната заедница како и да ги нагласат битните теми за младите.Меѓународниот ден на младите му  дава на светот прилика да го препознае потенцијалот на младите,да ги прослави нивните достигнувања и планови за подобро ангажирање на младите да успешно ги остваруваат акциите кои влијаат за развојот на нивната заедница .Тоа претставува единствена можност за сите кои имаат интерес да се здружат и да се осигура дека младите луѓе се вклучени во донесувањето одлуки во сите нивоа.
Време е да се прифати водството на младите бидејќи тие се природни лидери.Тие ја водат битката против ХИВ ,напредуваат во употребата на нови технологии, креирање и дејстување на промени.Тие ги доведуваат во прашање традиционалните родови улоги и го поплочуваат патот за еднаквост и правичност во 21 век.Не треба да се заборави дека постојат и ризици,денес повеќе од половина од младите луѓе во светот преживуваат со помалку од два долари на ден,живеејќи во беда и сиромаштија,секоја година 15 милиони девојки адолесценти стануваат мајки,40 отсто од новите ХИВ инфекциите се случуваат кај млади луѓе на возраст од 15-24 години ,како и дрогата која се повеќе ја користат младите.

Младите во Македонија се помалку работат за нивна интеграција во општеството  и заедницата,искрено се надевам дека 12 Август ќе биде звончето кое ќе ги разбуди младите и ќе ги мотивира да бидат се погласни во барањата на нивните права бидејќи спроаведувањето на здрава младинска политика зависи од младите ,од нивната ажурност,одготвеност и желба за работа и за надминувањето на политиканството кое штети во рамките на младинското учество,се само политиканство е успехот за добра младинска политика во заедницата,училиштата,невладините организации особено политичките партии каде младите се само декор служат за држење пароли ,викаат ,скандираат а најмалку спроведуваат младинска политика она суштинското кое младите ќе ги прави природни лидери не само во Р.Македонија него и во светот.

Ќе завршам со пораката на генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун упатен за меѓународниот ден на младите кој гласи “Меѓународната заедница мора да продолжи да работи заедно за да се прошират хоризонтите на можности за овие млади жени и мажи за да одговори на нивните легитимни барања за достоинство, развој  и пристојна работа.Неуспехот да се инвестира во нашата младина е лажна економија. Инвестиции во младите луѓе ќе претставува голема дивиденда во подобра иднина за сите. “
Нека овај ден 12 Август  се слави уште многу години со надеж да младинските права и политики бидат приоритет на денешницата.

Вахид Мемед-  Активист за младински права

(ставовите се личен став на авторот)