Македонските фудбалски надежи со голот на Глигор Глигоров во 34 минута ги победија своите врсници од Албанија на првиот тест годинава.

Во натпревар што се играше сто минути, во Валона, избраниците на селекторот Мирсад Јонуз и со десет играчи во последните 20 минути не потклекнаа пред амбициозниот домаќин, кој направи се’ да остане непоразен, но не успеа.

Македонскиот репрезентативец Адријан Цуцули заработи црвен картон на дваесетина минути пред крајот. 

Во 13 минута, благодарение на добрата интервенција на голманот Дарко Тофилоски, домашната репрезентација на Албанија не ја искористи најголемата шанса од пенал да дојде во водство и да му даде поинаков тек на натпреварот.

Победата на „црвено-жолтите“ им е важна за самодоверба, пред мартовскиот реванш-квалификациски дуел со Швајцарија, како домаќини.

ohridnews