Младите таленти од ООМУ „Методи Патче“ заблескаа на одржаниот Меѓународен натпревар за млади музичари „Сергеј Михајлов” во Штип.
Со прва награда во категоријата пијано се закитија Фуркан Али и Јана Шурбановска под менторство на проф. м-р Ирена Веруш. Младата пијанистка Јана на натпреварот oсвои 98,33 поени, додека младиот пијанист Фуркан 96,33 поени.
Меѓународниот натпревар во Штип се одржува до 18-ти април, а организатор е средното музичко училиште во Штип „Сергеј Михајлов“. Натпреварите се одвиваат во повеќе категории: дувачки инструменти, ударни инструменти и сет тапани, соло пеење, жичени, лимени и традиционални инструменти, пијано, хармоника и поп и џез музика.
OhridNews