младите стружани сакаат спорт а не поделби
Можеме заедно велат учениците
Според Џејми Хајредини, раководител на секторот за образование при локалната самоуправа во Струга, ваквите настани почесто треба да се организираат за да не се повторат проблемите во училиштата, кои како што рече, можеби се производ на однесувањето на постарите и политиката. Тој најави дека локалната самоуправа во летниот период ќе организира повеќе заеднички дружења на младите од различни етнички заедници со цел да се надминат проблемите кои доведоа до поделба на учениците и од наредната школска година тие повторно да учат заедно.
Џејми Хајредини најави дека учениците во „Ибрахим Темо“ и „Нико Нестор“ ќе учат заедно
Целта е на овој начин да се развие критичко мислење кај младите и да се дискутира отворено за проблемите кои ги имаат средношколците, ни изјави Еди Ќела локален координатор на проектот кој го организираат членовите на младинските секции на средните училишта во Струга со поддршка на Институтот отворено општество Македонија,, Образовниот форум, ОБСЕ , невладината организација „Аква“ и локалната самоуправа.