По повод светскиот ден на дијабетес на Стадионот Билјанини извори во Охрид се одржа спортска манифестација која ја организираше Проектот Отворени забавни фудбалски школи заедно со фудбалската школа Еурофудбал и деца од основните училишта во општината.
На оваа спортска манифестација учествуваа 40 – тина деца на возраст од 10-12 години заедно играа фудбал по разработен дански концепт и одлично се забавуваа.
По завршувањето на денешната манифестација на сите деца им беа поделени дипломи и брошури за едукација за Шеќерната болест Дијабетесот.
Под покровителство на Ново Нордиск кој е голем донатор во отворените забавни школи децата на оваа манифестација децата се информираа за тоа колку е важно да се знае за дијабетесот и за превенцијата од од оваа болест.