Членовите на Социјалдемократската младина од Охрид, во чест на одбележувањето на 11-ти Октомври, Денот на востанието на македонскиот народ, денес организира акција за чистење на Спомен паркот на револуцијата.

За денес е планирана уште една активност. По повод 30- годишнината од смртта на Петре Пирузе- Мајски, младите социјалдемократи, во  12 часот  хортикултурно ќе го уредуваат просторот пред Основниот суд, каде е поставена бистата на револуционерот.

OhridNews