Во организација на Локалниот клуб на СДММ од Охрид, утре, на 17.05.2008 година (сабота), со почеток во 10:30 часот, се организира акција за чистење на охридските плажи. Својата еколошка свест младите социјалдемократи од Охрид ќе ја покажат на дело на потегот од мостот на каналот кај Биљанини извори, до хотел Парк. Младите социјалдемократи ги покануваат сите заинтересирани сограѓани, кои се грижат за чистотата и уреденоста на охридското крајбрежје пред почетокот на туристичката сезона, да земат активно учество во реализација на оваа акција.

СДСМ-Охрид
повеќе за изборните активности во Охрид:
„Избори 2008“