Вчера во КИЦ „Култура 365“ беше претставено дел од творештвото на охридскиот поет Ангеле Грозданоски.
Пред присутните, меѓу кои членови на неговото семејество, како и ученици од основните училишта „Христо Узунов“ и „Кочо Рацин“, м-р Лидија Размоска се осврна на неговото кнжевно создавање за деца, кои има значајно место не само во македонската литература, туку и во педагошката практика.
„Поетското творештво што Грозданоски го наменил на децата дава можност тоа да се проучи и да се примени во образовната работа на наставниците од пониските одделенија. Ваквата определба на пишаниот збор за деца има само една цел, правилна формирање на личноста на детето со примена на позитивни морални вредности. Тоа најдобро може да се согледа од неговиот песни за детската игра, растењето, семејството, мајката, желбите.“ – рече Размоска.
Говорејќи дека писателот Грозданоски го презентирал детското секојдневие преку пресна, Размоска потенцира дека целта на авторот е да ги поттикне позитивните морални особини кај најмладите.
„Воедно овој начин на пренесување на тоа што е добро, а што е лошо, претставува и најсоодветен за децата од девет годишна возраст, затоа што тие така најдобро учат преку игра и песна. Уште една особина на поезијата на Грозданоски што е вредна за почит, претставува начинот како се пренесуваат овие ликови, кои се исто така на возраст од читателот. Оваа карактеристика ја отсликува навиката на децата првенствено да ги прифаќаат вредностите кои ги имаат нивните врсници, па затоа добрите морални особини во поеизијата, Грозданоски ги пренесува преку ликовите на Дани, Наташа, бато, цеце.“ – потенцира Размоска.
Таа додаде дека писателот пишувал за деца не само општествена, туку и од духовна потреба, воден од помислата да не бидат запоставени најмладите читатели.
„Она што мисли да го соопшти, шепне, раскажа, да им го најави на децата, поетот го направил во своите песни. Животната средина како непресушен извор за создавање може да се согледа и од аспект на естетска вредност, затоа што на таков начин Грозданоски ја претставува сликата за среќното семејство, за јаготките, за зимата и снегулките.“ – додаде Размоска.
Во поезијата на охридскиот писател наменета за деца, можат да се согледаат римата и ритамот, како дополнителен мотив најмладата читателска популација.
„Живеењето на детскиот сон е мотив и реалност во поезијата на Грозданоски. Детското секојдневи опишано во неколку стиха во секоја песна, го носи чувството на вдахновеност од уметноста на зборот. Делата на охридскиот поет треба да имаат значајно место ве сечија библиотека, особено во училишната. Со вакво значење на одбраните зборови во поезијата за деца, авторот дозволува бегство во прегратките на приказните исткаени во секоја од песните. Ангеле Грозданоски иако не е крунисан како стожер во македонската поезија за деца, тој останува и натаму да биде еден од позначајните автори преку своите дела.“ – истакна Размоска.
Ангеле Грозданоски (1930-2007) е охридски творец кој пишувал и за децата и за возрасните. Неговите дела се инспирирани од неговата професионална работа како учител и од родниот крај. Меѓу објавените дела му се збирките песни „За секое дете песна се плете“ и „Песни за езерскиот град“ и монографијата „Генеологија на Злести“. Покрај овие, во неговата збирка необјавени книги се наоѓаат многу сликовници, поеми и романи за деца и за возрасни.
О.Т.