Македонските фудбалски надежи не успеаа да стигнат до првата победа во квалификацискиот циклус за ЕП 2011 г во Данска.

Во Прилеп избраниците на Бабунски одигра само 1-1 против Литванија. Муарем во првата минута го отвори резултатот, а конечните 1-1 ги постави Новиковас во 58.

Македонија по првите три натпревари претрпе два порази и има само еден бод. Наредниот натпревар на селекцијата под 21 година е на 9 октомври против Амглија.

М.П.