Денеска и утре на градскиот плоштад Младинскиот совет на Охрид поставува штандови на кои се изложени различни предмети и новогодишни содржини. Тие ќе се продаваат, а со собраните средства ќе се финансираат програмите на младите што треба да се реализираат во текот на идната година.
Оваа невладина организација , традиционално секоја година пред новогодишните празници ја реализира кампањата “Следи го сонцето” преку која прибира средства.
Во рамки на кампањата се поставени касички во 5 маркети, каде што тимови од волонтери дистрибуираат флаери и брошури за Младински Совет Охрид и ги анимираат граѓаните да донираат. Тие ги посетуваат охридските кафетерии, ресторани, продавници и бутици, прибираат донации и подаруваат компакт-дискови со новогодишни и божиќни песни.
Ohridnews