Во последно време, сведоци сме на вознемирувачки настани во некои училишта со мешан етнички состав каде по пат на физичка сила гнев и бруталност се предизвикуваат своите врсници.  Социјалните потреси може да предизвикаат неконтролирано однесување на младите но, насилството помеѓу средношколците на етничка основа уште повеќе загрижува, особено ако овие млади луѓе се подбуцнуваат од политичките партии, изјави денеска во Охрид претседателот на Македонија Бранко Црвенковски. „Ако е така тогаш тоа е многу опасно не само по животите на младите туку и директно може да влијае и врз стабилноста на државата. Користењето на младите во политички цели е недопустливо, смета Црвенковски.


Загрижен за меѓуетничките конфликти во училиштата-Црвенковски

Под покровителство на претседателот на државата, во Охрид денеска се одржува конференција  посветена на македонската мултиетничниост предизвик на сегашноста и иднината.

На конференцијата учествуваат ученици од средните училишта во Македонија, нивните професори, претствници на НВО, претставници на диопломатскиот кор и експерти. Според учесниците на конференцијата, конфликтите помеѓу младите во училиштата настануваат поради тоа што тие недоволно се познаваат.

Во Тетово многу добро се сложуваме со учениците македонци, но учиме одвоени и не се познаваме доволно што мислам дека е една од причините за конфлити помеѓу младите, смета Шпенза Арифи, ученик од Тетово. Кристина Јосифоска, ученик од Дебар пак укажува дека големо влијание врз однесувањето на децата имаат родителите кои понекогаш не им дозволуваат да се дружат со врсниците од друга етничка заедница.


Младите сакаат заедништво а не живот едни покрај други

Сепак и учениците од различните етнички заедници сметаат дека е подобро повеќе да комуницираат и да се дружат меѓу себе со што според нив ќе се надминат недоразбирањата кои во голема мерка  се должат на проблеми кои се влечат од минатото.

ohridnews