Во рамки на акцијата „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“ деновиве охриѓани засадија 100.000 садници. Поголем дел од нив беа засадени во Мауцкер. До локацијата на која ќе никне идната шума од јасен води импровизиран пат кој минува низ депонија за шут и друг цврст отпад која се протега на површина од неколку илјади метри квадратни. Ѓубрето е расфрлано наоколу во природата, а грдата слика ја надополнуваат и неколку уништени воени орудија. За промена следната акција на Мауцкер наместо за пошумување може да биде за деконтаминирање на природата и расчистување на огромната депонија.


Депонијата кај Мауцкер

Г.М.