Охриѓани апсолутни победници и во екипна и во поединечна конкуренција на Државно првенство во спортски риболов за деца У15 (кадети) во дисциплина „ПЛИВКА“ кое викендов се одржа на кејот на Охридско Езеро.

Во категоријата екипно првото место му припадна на тимот од „Свети Апостол Петар“ од Охрид во состав Христијан Булески, Христијан Илијовски и Јован Петровски, додека второ место освои тимот од „Оскар 2“ од Кавадарци, а 3 место „Оскар 1“ од Кавадарци.

Во поединечна конкуренција шампион на Македонија за 2024 е Христијан Булески од „Свети Апостол Петар“ Охрид.

Со сребрен медал се закити Блаже Димитров од „Оскар 2“ Кавадарци, додека бронзениот медал му припадна на Петар Динов од „Оскар 1“ од Кавадарци.

 

OhridNews

фото. ЗРР СК „Свети Апостол Петар“