Во организација на Атлетската Федерација изминатиот викенд во Куманово се одржа Националното првенство за Млади пионери/ки, генерација 2008-2013. На натпреварот, Атлетскиот Клуб “Охрид трчаТ” учествуваше со вкупно 32 атлетичари.

 

На првенството за млади пионери АК „Охрид трчаТ”  постигна  позабележителни резултати. Имено, второ место на 60м во женска категорија освои Јана Димоска со време од 8,58 секунди, третото место во скок во далечина го освои Тамара Чолеска со резултат од 110цм, а прво место освои Јана Димоска со резултат од 3,76м. Во женска категорија  фрлање ѓуле второ место освои Сара Спасеска со резултат од 5.98 м, а третото место го освои Сара Петреска од 5,64 м.

 

Неофицијално, младите пионери од АК „Охрид трчаТ“ го освоија првото место и во фрлање штафета 4×50м жени, но ќе биде потврдено официјално од страна на АФМ.

После одржувањето на натпреварот се одржа и традиционалниот атлетски натпревар по повод државниот празник, 11 Октомври, „Атлетски Митинг 11ти Октомври” на 60м во организација на АК “Куманово” на кој АК “Охрид трчаТ” учествуваше со еден свој атлетичар. Владимир Пердулоски го освои првото место со време од 7.11 секунди и трето место во скок во далечина со резултат од 5,42м. Резултатите на Владимир Пердулоски дополнително беа наградени со пехар како најзабележителни резултати на митингот постигнати во машка конкуренција.

 

OhridNews