На стадионот со вештачка трева во пријателски натпревар женската младинска екипа на Билјанини Извори беше подобра од своите врснички од Македонски Брод со 4-1. Три од четирите погодоци за охриѓанки постигна Светле Наумоска додека „покерот“ го комплетираше Рубаноска.
– Ова е одличен почеток за нас со победа како екипа која е формирана само пред три месеци. Добрата мотивација, разумната игра и максималната ангажираност на девојките доведе да славиме убедливо. – изјави тренерот Николоски.
Да напоменеме дека клубот врши упис на нови членови за девојчина родени 2001-2006 год. Клубот ќе се натпреварува на турнирите поддржани од FIFA за развој на женскиот фудбал во Македонија.
ЖФК Билјанини Извори:Речи, Наумоска Н, Ристеска, Митреска, Мојсоска, Спироска, Мустафоска, Николоска, Рубаноска, Положани, Наумоска С.
Играа уште:Сарафиноска, Максимоска, Абдурахими, Лазеска Т, Лазеска Х, Трајческа, Ставреска Г, Ставреска М.
Ohridnews