Во рамките на програмата ,,СПОРТ ЗА СИТЕ – ЗДРАВЈЕ ЗА СИТЕ,, Младинскиот Совет Охрид организираше планинарски излет ,,ВЕЛЕСТОВО 2008,“. На излетот учествуваа 50 учесници, кои се движеа по комбинираната тревна и камена патека на потегот од споменикот на Св. Кирил и Методи – Билјанини извори – чешма Црско – Велестово што им овозможи на рекреативците да го видат Охрид од една поинаква перспектива.
Младите рекреираа до Велестово
Групата го посети Домот на културата во Велестово, Црквата Св. Богородица и чешмата и споменикот на паднатите борци од НОБ и револуцијата на сред село. Од страна на професионален планинарски водич, учесниците на излетот беа запознаени со основните принципи за движење низ планина, исхрана на планина како и движење и препознавање на маркација, која што е од големо значење за оние кои ја посетуваат планината. За вкусната планинска закуска се погрижи х. „Климетица“.
авантурата започна
малку по земја
малку нагоре
па надолу
конечно афалт
и заслужен одмор
ohridnews