Претпладенево на кејот на охридското езеро, по повод 31 мај – Меѓународниот ден против пушењето, Младинскиот Совет од Охрид органзираше изложба на уметнички дела кои пристигнаа на ликовниот конкурс објавен по повод Денот за борба против пушењето.



Исто така имаше литературно читање на творбите пристигнати на истиот конкурс, а на најуспешните им беа доделени награди.


Формирани беа групи кои на креативен начин го одбележаа Меѓународниот ден против пушењето,  а волонтери на МСО дистрибуираа едукативен материјал.


Младите охриѓани рекоа “НЕ“ на пушењето

М.П.