Во рамки на проектот „Со креативност и младински активизам против говорот на омраза“, во недела на 15-ти февруари 2015 година со почеток во 13 часот на плоштадот „Св. Климент Охридски“ ќе се одржи танцувачка точка на која ќе настапат 30 ученици од охридската гимназија.
Младите преку танцот ќе се обидат да испратат позитивна порака против говорот на омраза и да допринесат во подигнување на јавната свест за говорот на омраза.
Организатор на случувањето е Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и истото е подржано од општина Охрид.
OhridNews