Со изложбата на ученичките поетски и сликарски творби, на тема Галичица – Убавица,  започнаа активностите на ЈУНП Галичица по повод 51 година постоење. 


На изложбата кој беше одржана во просториите на Црвен Крст од Охрид  со свои дела се претставија учениците од  основните училишта “Св.Климент Охридски“ од  Охрид, “Св.Наум Охридски од Пештани и “Ванчо Николески“ од  Лескоец. Младите уметници и поети со своите творби ја искажаа љубовта спрема Галичица и нејзините убавини. На овој наптревар пристигнаа над 80 петски и 150 ликовни творби кои беа изложени во просториите на Црвен Крст,  а беа избрани по три најдобри во својата категорија.


За најдобро поетско дело беше прогласена творбата на Благој Арсовски  ученик  во ОУ “Св.Климент Охридски“, а второто и третото место им припадна на сестрите близначки Марија и Магдалена Симоноски,  ученички во истото основно училиште.

 

Најдобрио поет ја однесе и првата награда во ликовните творби, пред Натали Мешковска од  ОУ “Св.Наум Охридски“ од Пештани и ученикот од ОУ “Ванчо Николески“ од Лескоец Никола Буџакоски. За најдобрите на оваа изложба ЈУНП Галичица имаше обезбедено и награди, книги за еколошка едукација на најмладите кои беа врачени од страна на директорот на паркот Зоран Ангелоски.

Ohridnews