Младинската екипа на РК Охрид освои бод на гостувањето во Скопје кај тимот на Металург ремизирајќи (32-32) во првата рунда од првенството.
Избраниците на Наум Бабачев беа поблиску до победата, затоа што имаа водство после триесет минути игра (17-15) и предност во поголемиот дел од натпреварот.
„Гладијаторите“ со ова реми најавија возбудливи мечеви во Охрид и атак на плејофот во кој минатата сезона учествуваа во кадетска конкуренција.
Во листата на стрелци се истакнаа Наум Костов со 9 голови, Мартин Ивановски 8, Николче Ристески 7. Солиден учинок од три голови имаа кружниот напаѓач Кристијан Димитриески и Даниел Андоновски и Стефан Спировски кој два пати беше прецизен.
Охрид во втората рунда е слободен, а во третата ќе ги одмери силите со Еурофарм Работник на домашен терен.
OhridNews