Младите музички таленти од Основното Музичко Училиште  „Методи Патче“ повторно докажаа дека се меѓу најдобрите. На неодамна одржаниот Државен натпревар на млади музичари во Скопје  освоија  17 први награди од кои 2 специјални први, 3 втори, 4 трети награди и 1 диплома за учество.

Уште еднаш се потврди дека ОМУ „Методи Патче“ е на врвот на музичките училишта во Македонија, учениците го поседуваат талентот,  имаат желба да работат, а нивните ментори несебично вложуваат во нив и секако успехот е неизбежен, вели директорката на ОМУ „ Методи Патче“, Нина Момировска.

Кристина Љушкоска –флејта и Џеврије Туле- пијано со освоени Први специјални награди ќе учествуваат на вечерашниот концерт во Факултетот за музичка уметност во Скопје како најдобри учесници на натпреварот.

Во категоријата Пијано наградени се : Џеврије Туле прва специјална награда, Михаил Ѓоргијоски прва награда, Искра Атанасова Митуш прва награда- класа проф.Даниел Чуркоски. Бојан Секулоски втора награда класа проф.Емилија Маринова, Матеј Симоноски  трета награда класа проф.Андријана Думевска, Мила Коруновска трета награда класа проф. Методија Здравевски.

Во категоријата Виолина: Атанасија  Дејкоска прва награда, Дафина Дејкоска прва награда класа-  проф-Христина Пецаковска-Николеска. Марија Џуклеска прва награда, Габриел Наумоски прва награда, Александар Грунчевски прва награда класа-  проф.Елица Џуклеска. Десарт Елмази прва награда, Бајрам Рамаданоски диплома за учество- класа  проф.Мухамед Бајрам. Димитар Гаврилоски  прва награда- класа  проф.Кирил Белистојаноски.

Во категоријата Флејта : Кристина Љушкоски прва специјална награда класа  проф.Невена Танеска.

Кларинет: Наум Палоски прва награда, Крсте  Башоски трета награда класа проф.Петар Танески.

Хармоника: Мартин Цоцески втора награда, Игор Климоски трета награда класа проф.Наум Џуклески.

Солфеж: Ева Китрозоска  прва награда, Наум Палоски  прва награда проф. Петар Булоски. Џеврије Туле  прва награда, Мила Тренеска прва награда, Огнен Секулоски  прва награда, Михаил Ѓорѓијоски  втора награда проф. Лилјана Булоска.

OhridNews