Младите охридски хокеари на трева од ХК „Стик 07“ го освоија солидното 6-то место на турнирот што деновиве се одржа во Албена – Бугарија. Во својот прв интернационален настап охридските хокеари  остварија биланс од 3 победи, 3 порази и еден нерешен резултат и зад себе оставија 4 екипи.


солиден успех на младите охридски хокеари

Со малку повеќе среќа екипата можеше да обезбеди подобар пласман, но и ова е извонреден успех со оглед на фактот што за младите хокеари на „Стик“ ова беше прв официјален натпревар по пет месеци, велат тренерите Татјана Димитриеска, Катерина Стојаноска и Ристе Јанкоски. Фактот што хокеарите на „Стик 07“ кои играа во потешката група, од освојувачот  на турнирот загубија минимално со 1:0, зборува доволно за квалитетот на младиот охридски тим.


имаат перспектива

Домаќините каде овој спорт има традиција веќе 30 години биле изненадени од резултатот на охридските хокеари на кои им предвидуваат светла иднина. Дека се вистински спортисти младите хокеари на „Стик 07“ покажаа и со своето однесување на теренот за што ја добија титулата „фер плеј“ на турнирот.


пехарот за фер плеј на турнирот допатува во Охрид

Во одлично издание се претставија и тренерите Татјана Димитриеска и Ристе Јанкоски кои имаа впечатлив  настап како судии на турнирот.


македонските судии

ohridnews