Тераса „Аквариус“  вечерва беше претесна да ги собере сите гости на хуманитарната забава за помош на малата Ева, на која итно и е потребна операција во странство. Дел од средствата од направениот промет ќе бидат донирани за таа намена.

На хуманитарната забава во „Аквариус“ настапи популарниот бенд „Броз“, кој и овој пат несебичо се приклучи на напорите за спас на еден млад живот.

Дванаесет годишната Ева боледува од тумор на мозокот. Неопходно е во февруари да замине на радио терапија во Турција, каде беше оперирана минатата година. Целиот третман во Турција чини 18.500 евра, пари кои родителите на Ева не се во можност самостојно да ги обезбедат.

Сметки за донација:

За Македонија: 240127104572478, Уни банка-Зоран Колоски

За надвор од Македонија: IBAN:MK07240127104572478

Да и помогнеме на Ева да ја победи болеста!

OhridNews
фото: А. Момироска