Акцијата ќе започне на просторот одреден за бесплатно плакатирање пред хотел Палас на Кеј Маршал Тито, а ќе бидат опфатени и местата за плакатирање на територијата на целиот град.
Во рамките на акцијата ќе биде отстранет целокупниот рекламен материјал, како што вети ВМРО-ДПМНЕ во предизборната кампања, соопштија од партијата.