Протестот на Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ – Охрид, пред почетокот на 63-та седница на Советот во четвртокот, беше за доброто на Охрид, за разлика од протетсите кои СДСМ ги прави за заштита на криминалци, велат од подмладокот на владејачката партија. Оттаму денеска се огласија со соопштение, како реакција на обвинувањата што на нивна адреса вчера ги упати локалната самоуправа:

„Унијата на млади сили при ОК на ВМРО-ДПМНЕ, Охрид, енергично ја отфрла изјавата на кандидатот за градоначалник од СДСМ, Александар Петрески за нивната наводна злоупотреба. Напротив, нашиот протест беше против  злоупотребата на Охрид токму за негови лични интереси“, се вели меѓу другото во соопштението на Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ.

Ohridnews