На кампот учество ќе земат 18 млади од Охрид, Струга, Ресен, Битола и Прилеп кои во текот на 4те работни дена преку презентации, вежби, работилници и дискусии ќе ги обработуваат темите адолесценција, репродуктивно здравје, дрога, алкохол и тутун, а исто така ќе стекнуваат вештини за надминување на стереотипите и предрасудите, како и вештини за стекнување на доверба и лидерство.
Кампот се реализира во соработка со МВР на РМ, МВР СВР Охрид-одделение за превенција, Центарот за социјални работи – Дневниот центар за корисници на дроги и членови на нивните семејства и здружението на граѓани ,,ОПЦИЈА,, од Охрид.