Денеска во едно современо плуралистичко општество младинските права далеку назадуваат. Младите денеска претставуваат луѓе кои се марионета на едно изопачено општество без некои позитивни вредности каде многу повеќе младите се оддаваат на пороците, отколку што се борат за нивните права.

Мора да признаеме дека младите денеска не многу се залагаат но од друга страна и немаат можност и пристап да се вклучат во општествените текови, оние минималните, да не зборуваме за учеството во одлучувањето, учеството на регионално или локално ниво каде не баш многу се застапени, иако учеството на младите во одлучувачките тела е многу важно за нив и за понатамошната нивна интеграција и инклузија. И секако да не заборавиме на таканареченото партиско ангажирање на младите кои на партиите им служат за лепење плакати, викање на митинзи и држење на пароли, а за возврат добиваат само празни ветувања .

Горенаведеното е релноста генерално на младите, меѓутоа кога ќе ги спомнеме младите од ранливите етнички заедници тогаш е друга приказна. Младинските права се уште покатастрофални за овие млади. Имено тие се соочени со социјалната невклученост,  дискриминација по етничка основа и дискриминација по расна основа која е пречка за нивна интеграција  во заедницата. Овие млади се препуштени на милост и немилост на рулетот ДАЛИ ЌЕ ИМААТ СРЕЌА ВО ЖИВОТОТ И ЌЕ СЕ ИНТЕГРИРААТ  ИЛИ НЕ, при тоа државата ни малку не обрнува внимание дали тие имаат можности или не, ставајќи ги  младите  од ранливите заедници во ситуација да се со различен статус со останатите, со проблеми во образовниот процес и соочени со невработеност ,што доведува до нивна незаинтересираност за интерграција и за права, живеејќи во еден сон и нереалност, заради немањето на соодветна стратегија и регулативи.

Овие млади иако се зафатени од бранот предрасуди и стереотипи сепак како луѓе тоа не го чуствуваат и го игнорираат, ако се дискриминирани и останатите имаат предрасуди кон нив бидејќи се црни, бидејќи се Египќани, или Роми, или валкани. Лошата политика кон овие млади доведува тие да се свртат кон пороците на денешнината. Гледајќи ги наместо во образовниот систем тие се оддадени на алхохол и дрога уништувајќи се како индивидуи, а сето тоа е последица на лошата политика ,стратегија и немање на соодветни насоки за подобрување на статусот на младите од ранливите етнички заедници. Сето тоа доведува до синдромот на “полжав” интегрирање.

Надевајќи се на подобро време на младите, и борејќи се за нивните права се надевам дека во иднина ќе се чуе гласот на младите и тие ќе се интегрираат во општеството при тоа заборавајќи на поделбите по секаква основа. Тогаш мојата среќа и задоволство ќе достигне возвишеност. Се надевам дека сите млади но и младите од ранливите етнички заедници ќе станат рамноправни учесници, и ќе придонесат за развој на едно демократско и култивирано општество…..Се надевам……

Вахид Мемед  
 
Секретар на Здружение на Египќаните во Македонија
Тренер за младинско учество и партиципација и
кординатор на(Youth Task Force for ECVRD) – Работна група за млади од ранливите етнички заедници ранливи на расна доскриминација од Балканот.
    
(Изнесеното е личен став на авторот)