Учениците од Младинската заедница при ОСУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид, организираа хуманитарна акција за помош на семејствата од поплавените подрачја низ Македонија. Се собираа прехрамбени продукти, средства за хигиена и вода за пиење.
Во акцијата се приклучија и наставниците кои исто така донираа разни намирници, но и парични средства преку телефонските броеви за поддршка на хуманитарната акција.
Собраните средства ќе бидат доставени до Црвен крст – Охрид, од кадешто истите ќе бидат дистрибуирани до потребните места. Младите од охридската Гимназија изразија надеж дека нивниот пример ќе го следат и другите училишта и институции во градот.
OhridNews