Деновиве на иницијатива на Младински Совет Охрид, формирана е коалицијата на млади на општина Охрид. Коалицијата заеднички ќе делува во идентификација на проблемите и потребите на младите и во изнаоѓање на конкретни решенија, како и делување во дефинирање на локалната младинска политка, соопшти иницијаторот.




формирана младинска коалиција во Охрид

   

На формирањето на коалицијата и претходеа состаноци со сите организации и институции кои работат со и за младите со цел да се прошират информациите за изработката на Локалниот Акционен План за младинска политика на општина Охрид, кој ќе претставува стратешки документ, кој има за цел да ја стави во рамка градската политика кон младите. Коалицијата на млади на општина Охрид ја сочинуваат 26 претставници од 23 субјекти кои работат со млади:

    – Младински Совет Охрид
    – Црвен крст Охрид
    – Здружение на еѓипќаните во Република Македонија
    – Општинско здружение на Египќаните
    – Дневен Центар Порака
    – Здружение на граѓани ОПЦИЈА
    – Дневен Центар за корисници на дрога
    – Центар за социјални работи

    – ВМРО НП
    – ВМРО ДПМНЕ
    – СДСМ
    – ДПА

    – ЕМУЦ ,,Св. Наум Охридски,,
    – ОУТУ ,,Ванчо Питошески ,,

    – ОУ ,,Св. Климент Охридски,,
    – ОУ ,,Братство Единство,,
    – ОУ ,,Христо Узунов,,
    – ОУ ,,Кочо Рацин,,
   
    – Македонска православна црква
    – Исламска верска заедница

    – НТВ
    – ТВ Морис
    – МХ радио

Коалицијата на младите започна со масовно анкетирање  со цел да се утврдат проблемите на младите во општина Охрид, во која мера се задоволени нивните потреби и што младите предлагаат за решавање на нивните проблеми. Ќе бидат анкетирани 1200 млади на возраст од 14 до 30 години, по што ќе се пристапи кон обработка на анкетите со цел да се добијат резултатите кои ќе бидат основа за организирање на Форумот за локална младинска политика на кој ќе се одредат приоритетите и целите и ќе се дефинираат стратегиите за подготовка на Локален Анкционен Младински План за Охрид. Коалицијата е отворена за сите заинтересирани страни, и според интересот и најавите се очекува бројката на членовите да се зголеми, велат од Младинскиот Совет.

Ohridnews