Деновиве во хотелите Метропол и Белви во Охрид во организација на Британскиот совет се одржува регионална конференција насловена како “Млади спорт акција“.

„Конференцијата заеднички ја организираат Велика Британија и десетина други земји, а целта е преку креативни работилници и дружењее да се придонесе кон подобрување на односите на младите од различните земји“, ни изјави Елизабета Јовановска, проектен менаџер за млади и општество при Британскиот совет во Република Македонија.

На конференцијата учествуваат околу 200 млади од Албанија, Азербејџан, БиХ, Бугарија, Велика Британија, Грција, Израел. Романија, Србија, Турција и Македонија. Конференцијата во сабота ќе биде затворена од британскиот амбасадор во земјава Роберт Четерсон Диксон.

Г. М.