Младински Совет Охрид, во рамките на програмата за развој на рекреативниот спорт ,”СПОРТ ЗА СИТЕ – ЗДРАВЈЕ ЗА СИТЕ” го организира првиот турнир во мал фудбал за деца од 12 до 15 години.
На турнирот се пријавени 12 екипи составени од по 8 членови, кои рекреирајќи се, ќе се борат за првото место.
Турнирот започнува денеска со свечено отварање, а натпреварите ќе се играат во основните училишта “Свети Климент Охридски” и “Христо Узунов”.
Во текот на денот ќе се одиграат 6 квалификациони натпревари. Утре и за време на наредниот викенд ќе се одиграат “бод систем” натпреварите од групите А и Б.
Полуфиналниот натпревар е предвидено да се одигра на 26 октомври,а финалето е закажано на 1 ноември.
Ohridnews