Младите на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ на кафе муабет се договорија  околу начинот на плакатирање до крајот на предизботрната кампања.

На почетокот на кампањата младите на ВМРО ДПМНЕ го облепија целиот простор наменет за партиско рекламирање во Охрид, по што плакатите веднаш потоа беа искинати. Проблемот е надминат на заедничка средба со претставници на СДСМ на која се договоривме да се почитуваат правилата за плакатирање според кои сите 12 кандидатски листи за пратеници треба рамноправно да бидат презентирани, сопштија од ВМРО ДПМНЕ.

Инаку, како што објавивме претходно, локалната самоуправа согласно законските обврски ги одреди локациите кај ОУ „Григор Прличев“ и кај х. „Палас“ за места на кои политичките партии ќе можат да ги поставуваат  рекламните плакати.

ohridnews