Првиот меч во новата година е закажан за 6 февруари, а треба да биде тест пред средбата со
Швајцарија во рамките на европските квалификации, што ќе се одигра на 26 март, најверојатно во Струмица.
Контролата против Албанија ке биде трет пријателски натревар во кој ке ги одмериме силите. На
претходните два имаме биланс од едан победа и еден пораз. Во 2003 година во Охрид ги совладавме со 1-0, додека минатата година во Битола бевме поразени со идентични 1-0.
Во рамките за квалификации за Европското првенство избраниците на Мирсад Јонуз по пет одиграни кола имаат една победа, два порази и две ремија и со пет осовени бода се наоѓа на четрвтото место.
На табелата во групата води Европскиот првак Холандија со максимален ефект од четири победи во
исто толку натпревари. На второто и третото место се Швајцарија и Норвешка со по седум освоени бода,а последна е репрезентацијата на Естонија без освоени бодови.
До крајот на квалификациите Македонија ќе одигра уште три натпревари . Против Швајцарија на 26 Март, потоа гостуваме против Естонија на 20 Август и последниот натпревар во групата ке го играме во Норвешка на 10 Cептември.