Учениците од основното музичко училиште „Методи Патче“, деновиве на различни меѓународни натпревари освоија повеќе награди.

На меѓународниот натпревар „Даворин Јенко“ во Белград, ученичката Сара Кескоска (пијано) во класа на проф. Ана Булоска освои трета награда. На меѓународниот натпревар за флејта „Тахир Куленовиќ“ во Ваљево, Србија, ученичката Тамара Џајкоска (флејта) освои втора награда, а ученичката Мелани Момироска (флејта) прва награда. Двете девојчиња се во класа на професор Нина Момироска. На натпреварот за пијано одржан во Ниш, Катерина Маркоска освои трета награда.


младите музичари од ОМУ „Методи Патче“ редат награди

Талентираните ученици од охридското музичко училиште во наредниот период ги очекува Државниот натпревар за камерна музика што ќе се одржи на 11 и 12-ти април, а  на кој се пријавени седум состави.

Од останатите активности на школото ја издвојуваме и добиената донација од вработените во американската амбасада во Македонија.  Инспирирани од хуманоста на нашиот незаборавен Тоше, тие на училиштето „Методи Патче“ му доделија 3 хармоники и 20 сталки за ноти.

С. Костоски