Младите во Македонија малку знаат за трговијата со луѓе, но се повеќе се информираат за опасностите кои ги демнеат затскриени зад разни ветувања за работа, велат од невладината организација Отворена порта, која денеска во Охрид го организира петтиот по ред отворен инфо ден за граѓаните на тема превенција од трговија со луѓе.


Од 2002 година постои СОС линија на која досега се реализирани 2119 јавувања најчесто од млади лица на возраст од 14 до 24 години кои најчесто се интересираат за агенциите кои нудат работа во странство, ни изјави Ѓургица Гурѓевска од НВО Отворена порта. Таа вели дека се јавуваат и жртви на трговија со луѓе. Тоа се најчесто девојки од источна Македонија кои семејствата го продаваат со договор за брак. Ѓурѓеска вели дека Македонија од 2004 година наваму не е само транзитна земја, туку и земја на потекло во која има се повеќе регистрирани случаи на трговија со луѓе.


Ѓурѓица Ѓурѓеска-НВО Отворена порта

Секоја година повеќе од 700 000 жени и стотици илјади деца се жртви на трговијата со луѓе. Тоа се случува кога младите девојки и деца се измамени во однос на целите на патувањето и се принудени да се проституираат. Им се одземаат личните документи, службено не постојат, никој не знае дека престојуваат во државата.


Трговијата со луѓе реалност во Македонија

Инфо денот се реализира во центарот на Охрид, на плажите и кафулињата, каде младата популација е повеќе застапена. Волонтери разговараат со младите  на кои им делат информативни материјали, брошури, прирачници во кои се наведени важни информации кои се во функција превентивно да влијаат во борбата против трговијата со луѓе.

Ohridnews