Изложба на ликовните творби на младите уметници од основните училишта од цела Македонија кои изминативе месеци твореа на тема „Моето поинакво другарче“, ќе се одржи денеска и утре во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид.

Изложбата што ја организира здружението на лица со хендикеп „Полио плус“ се одржува во рамки на „Деновите на толеранција”  и претставува заокружување на ликовниот конкурс што оваа невладина организација го спроведе во партнерство со Министерството за труд и социјална политика на РМ, Македонскиот центар за меѓународна соработка и Центарот за човекови права и разрешување конфликти. Се очекува изложбата да ја отвори градоначалникот на Општина Охрид, Александар Петрески.

Ohridnews