Општата болница, Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“, Детската градинка ,,Јасна Ристеска,, ОУ Св. Климент Охридски, Градската библиотека ,,Григор Прличев,, и невладините ,,ПОРАКА,, и ,,ОПЦИЈА,, од Охрид се првите институции и здруженија на граѓани кои согласно Законот за волонтерство, преку Локалниот Волонтерски Сервис на Младински Совет Охрид ќе примат волонтери во периодот декември 2008-март 2009 година.

Волонтерите кои ќе бидат избрани во соработка со менаџментот на  институциите и здруженијата, како и супервизорите учествуваат на обука што ќе се оддржи непосрено пред почетокот на волонтирањето.

Младински Совет Охрид, како волонтерска инфо точка која го отвора Локалниот Волонтерски Сервис, со сите избрани институции и здруженија на граѓани потпиша Меморандуми за соработка, пополнети се пријави за организирање на волонтерска работа, а подготвени се и програми за волонтирање. Волонтерите пополнуваат пријави за волонтирање, а пред почетокот на волонтирањето ќе бидат потпишани волонтерски договори.Тие ќе добијат и книшки во кои ќе се регистрира волонтерскиот стаж.

Ohridnews