Порибувањето ќе го вршат претставници од Мрестилиштето “Шум” од Струга, директорот на институтот за сточарство и Државниот секретар при Министерството за животна средина и просторно планирање.
Подмладокот го обезбеди ЕЛЕМ од затворено мрестилиште во Грција.
Охридското Езеро е единствената водна површина во Европа што се порибува со јагула на вештачки начин. Експертите велат дека состојбата со јагулата во езерото е задоволувачка, иако во последните неколку години е намален изловот на овој вид риба кој достигнувал и до 16 тони.
Природниот пат на јагулата која се мрести во Саргасовото Море и Мексиканскиот Залив е прекинат во 1970 година со изградба на хидроцентралите “Глобочица” и “Шпилје” на реката Црн Дрим.