Сегашните и минатите членови на кошаркарската школа Колибри ја продолжија новогодишната традиција одигрувајќи меѓусебен натпревар од крајот на годината.
Победата им припадна на поискусните (59-36) кои покажаа повеќе квалитет на теренот во спортско рекреативниот центар „Билјанини Извори“.
Традицијата започна 2014 година, а една од најстарите кошаркарски школи во Македонија, Колибри ја продолжи и во минатата 2015 година.
Мх.П.