Охридските кошаркари до 18 години со убедлив триумф над Мега Баскет (74-45) во Прилеп ја започнаа новата сезона во кадетската конкуренција.

Победничкиот почеток младите „галеби“ го најавија уште во првата четвртина која ја добија со десет поени позитива (24-14). После дваесет минути игра охриѓани го зголемија водството за дополнителни осум поени.

Во третиот квартал двете екипи одиграа ефикасно, но избраниците на Тони Стојаноски одново ја добија четвртина со 24-17. Четвртиот период беше рутина и кошаркарите на АВ Охрид забележаа лесен и заслужен триумф (74-45).

Ангел Лазарески со 34 поени беше најефикасен во составот на АВ Охрид. Христијан Кузманоски постигна 10, Јован Вретоски реализираше еден помалку, а Наум Стојаноски застана на 8 поени.

OhridNews