Кошаркарските на АВ Охрид до 18 години прокнижија нови бодови на табелата после убедливиот триумф над Пелистер (100-52) во втората рунда од националното првенство.

„Галебите“ својота надмоќност и квалитет ги демонстираа од почеток до крај во „Билјанини Извори“ добивајќи ги сите четири периоди.

Првите десет минути охриѓани ги добија со 24-12, вторите со 28-16 за плус 24 на полувремето. Во третиот период „галебите“ зголеми на плус 35, а во последната минута за еден поен за конечни 100-52 на семафорот.

Во тимот на АВ Охрид најпрецизен беше Ангел Лазаревски со 24 поени, 19 постигна Христијан Кузманоски, два помалку реализираше Наум Стојаноски, а двоцифрен учинок уште имаа Емин Далипоски (11п) и Јован Вретоски (10п). Дејан Димитриески заврши со 6 поени и Никола Анастасовски со 5 кошеви.

OhridNews