Стручниот штаб на селекцијата до 21 година им приреди пријатно изненадување на репрезентавците организирајќи им прошетка со брод по Охридското езеро.


Фудбалските надежи во Охрид се подготвуваат за почетокот на квалификацискиот циклус за Европското првенство, кој ќе биде означен со меч против Исланд на гостински терен на 11 јуни.


Прошетката со брод добро ќе им дојде на репрезентавците кои треба да апсорбираат позитивна енергија и да ја преточат во добар натпревар на стартот од квалификациите.

Мх.П.