Фудбалската школа „Фер плеј“ од Охрид стана државен првак на Македонија во детски фудбал за генерација 2015 година.

Во конкуренција од 120 клубови од цела Македонија со вкупно 1500 фудбалерчиња, „Фер Плеј“ се искачи на победничкиот пиедестал без пораз.

На завршниот турнир победени беа Парк сити (екс Вардар), Шкендија од Тетово, Тиквеш од Кавадарци и екипата на Кул (Cool) во финалниот натпревар, информираат од клубот.

Дополнително, наградата за најдобар голман ја доби Јустин Устијаноски од ФК „Фер Плеј“.

„Фер Плеј“ е првиот охридски клуб во фудбал и во екипните спортови кој станал првак. Се работи за исклучително талентирана генерација која ја водат тренерите Марјан и Игор Настоски, а огромнен придонес има и другиот дел од тренерскиот тим, Сања Митреска, како и тренерот на голмани Павел Ристески, истакнуваат од „Фер Плеј“.

Г.М.
Фото: ФК „Фер Плеј“