Дваесеттина едриличари од Здружението за спортско едрење „Акватика Јахтинг“ од Охрид и Едриличарскиот клуб „Снегар“ од Струга учествуваат на IV критериската регата, што се одржува денеска на Охридското Езеро.
На регатата учествуваат едриличари на возраст од 7 до 18 години кои се натпреваруваат во класите Оптимист и ИЛКА 4 во исклучително тешки услови на силен ветер и дожд.
Времснките услови се тешки но тоа е дел од нашиот спорт. Предвидени се три до пет трки во зависност од времето, рече Стефан Ставрев, претседател на „Акватика јахтинг“ – технички организатор на регатата.
Регатата и оваа година се одржува под покровителство на групацијата „Сава“, „Сава пензиско“ и „Сава осигурување“, под еколошкото мото „Заедно за иднината на Езерото“.
Како „Сава“ групација имаме стратешка определба за заштита на животната средина. Во таа смисла за заштита на водите заедно со „Акватика Јахтинг“ ја организираме оваа регата со цел за подигнување на свесноста на граѓаните и сите нас за заштита на нашето најголемо природно богатство Охридското Езеро, истакна Снежана Станковиќ – претседател на Управниот одбор на на „Сава пензиско друштво“.
Регатата е дел од календарот на Едриличарската федерација на Македонија.
IV критериска регата се одржа денеска на Охридското Езеро
Г.М.