Едно истражување, кое неодамна било спроведено во Велика Британија покажало дека младите во таа земја малку знаат за потеклото на намирниците кои ги јадат секојдневно. Така, 59 проценти од испитаниците, стари помеѓу 16 и 23 години, не знаеле дека путерот се прави од кравјо млеко, додека три проценти од нив биле убедени дека сланината се прави од говедско месо.
Дури и потеклото на млекото и јајцата за многу млади британци била мистерија, односно 15 проценти од нив рекле дека тие производи најверојатно се одгледуваат.
Керолајн Драмонд, директорката која се занимава со поврзувањето на екологијата и земјоделството, и која ја спровела анкетата, рекла дека непознавањето е срам за нивните земјоделци. Таа навела дека три од десет лица, родени по 1990 година, никогаш не посетиле некоја фарма.