Младите, организирани преку социјалните мрежи, попладнево не излегоа на протести по скопските улици, туку организираа дебата. На неа беа формулирани повеќе конкретни заклучоци, а беа формирани и работни тела –  за техничка организација на протестот, за контакт со медиумите и за собирање финансии. Назначени се и координатори со цел да се подобри организацијата. На средбата граѓаните одлучија контакт со медиумите да не остваруваат во телевизиските студија туку медиумите да доаѓаат на местото на протестите.

Од дебатата  произлегоа конкретни барања за реформирање на полицијата. Побараа министерката за внатрешни работи да понесе одговорност поради убиството на младиот Мартин Нешковски од страна на полициски припадник, пред се поради обидот на МВР тој настан да биде заташкан и релативизиран. Бараат одговорност и на портпаролот и помошник министер Иво Котевски. Како главно барање е воспоставување надворешна контрола врз полицијата, со што внатрешната би добила второстепено значење. Од медиумите младите побараа нивните протести да не бидат ставани во каков било партиски контекст. Се работи за политичко, но не и партиско движење, беше еден од заклучоците на дебатата.

Тв Телма